Арсовски: Отстранети се сите административни процедури за еднократната парична помош да дојде до што повеќе граѓани

 Владата направи се за да ги отстрани сите административни процедури, за еднократната парична помош од 6.000 денари да дојде до што поголем број граѓани, рече денеска портпаролот Душко Арсовски.

Одговорајќи на новинарско прашање, Арсовски потенцира дека се работи за пари кои ќе бидат вбризгани во домашната економија, само е поедноставена ппостапката тие да стигнат до граѓаните.

-Парите остануваат дома, во домашната економија и тоа е многу важно во оваа криза, нагласи Арсовски.

Владата вчера соопшти дека на сметките на граѓаните за два дена се уплатени 24,6 милиони евра, со кои се поддржуваат ранливите групи на граѓани со 6.000 денари. Се очекува со мерката да бидат опфатени над 280 илјади граѓани. Средствата се уплатени на трансакциските сметки на граѓаните во комерцијалните банки, додека за оние граѓани кои немаат отворено трансакциска сметка досега, оваа услуга ќе им биде овозможена од банката во која е распореден соодветниот граѓанин, а за која може да добие информација со внесување на својот ЕМБГ на веб страницата www.kupuvamdomasno.gov.mk.

Back to top button
Close