Албанија конечно со Уставен суд, Мета ја потпиша уредбата за шестиот судија

Уставниот суд во Албанија од попладнево е функционален, откако шефот на државата потпиша уредба Перпарим Кало,да биде шестиот член на судот,што оваа највисока судска инстанца ја прави функционална.

Претпладнето Совет за наименувања во правосудството до Мета достави предлог со две имиња на судии, по што тој го избра Кало и за тоа потпиша уредба.

Уставниот суд на Албанија не функционира три години. Еден од судиите заминаа на друга функција, додека седум, меѓу нив и претседателот, не го поминаа ветингот, односно не можеа да го објаснат потеклото на својот имот. Во судот има само еден судија, чиј мандат е изминат од поодамна.

Судот е составен од девет члена, од кои три именува шефот на државата, а уште по три члена избираат Собранието и Врховниот суд на Албанија. Судиите на Уставниот суд имаат мандат од девет години без право на реизбор.

Амбасадорката на САД во Тирана, Јури Ким и евороамбасадорот Луиџи Сореца, во неколку наврати ја нагласуваа нивната фокусираност во правосудните реформи во Албанија, вклучително и потребата Уставниот суд да профункционира до крајот на годинава.

Американската амбасада деновиве поздравувајќи го изборот на петтиот уставен судија од страна на Парламентот, во соопштенето за јавноста, наведе дека за функционалност се

потребни шест од девет судии,колку што брои највисоката судска инстанца.

Додава дека ќе продолжи силно да ја поддржува желбата на албанскиот народ за транспарентен, фер и целосно функционален правосуден систем.

Back to top button
Close