Народна кујна за 200 семејства во социјален ризик во Општина Шуто Оризари

Општина Шуто Оризари денеска ќе пушти во употреба народна кујна која ќе опслужува над 200 семејства во социјален ризик со топол оброк и леб.

– За континуирани функционирање на народната кујна и обезбедување на нејзина одржливост, Општина Шуто Оризари склучи договори со општествено-одговорни компании и фондации кои ќе учествуваат во функционирањето на народната кујна со намирници од сопствено производство. Почетокот на Народната кујна е овозможен со сопствени средства на Општина Шуто Оризари, компаниите „Жито Лукс“ и Фондацијата „Албиз“, соопштија од општината.

Back to top button
Close