Заев за нападите во Собранието пред осум години: Никогаш да не се заборави и да не се повтори
Премиерот Зоран Заев на Фејсбук се осврна на настаните од пред осум години на денешен ден кога пратениците во Собранието беа нападнати и напиша дека такво нешто никогаш не треба да се повтори.
24 декември, црниот понеделник е паметник за вистинското лице на насилничката, режимска матрица на ВМРО-ДПМНЕ.
Таквиот однос кулминираше години подицна, на 27 април, со насилниот упад во законодавниот дом и обидот за убиство на пратеници, новинари и вработени во Собранието.
Денеска, осум години подоцна многу работи се променети во нашата татковина. Собранието денеска е дом каде царува дебатата, а не насилството. Ја живееме слободата.
Новинарите слободно и независно известуваат, пратениците слободно работат, без стрв од упади и насилни исфралања. Редот, правдата и дисциплината се нови вредности.
Денес, кога живееме во слобода, во демократија и еднаквост испраќаме порака, датумите како 24 декември да останат врежани во колективната свест, за да потсетуваат на погрешното. Никогаш да не се заборави црниот понеделник и да не се повтори. Режим – никогаш повеќе!“, напиша Заев на Фејсбук.