Продолженија на две собраниски седници

Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да ги продолжи 19. и 20. пленарни седници.

На дневен ред на 19. седница се измени и дополнувања на Законот за инспекцијата на труд, измените на Законот за инвалидски организации и двата по скратена постапка, како и измените и дополнувањата на Изборниот законик, по скратена постапка, поднесен од опозициските пратеници Сурија Рашиди и Никола Мицевски.

Заостанати точки на дневен ред на 20. седница се Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, по скратена постапка, како и Предлог на закон за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, по скратена постапка.

Back to top button
Close