Курц: Ќе ја победиме пандемијата во текот на летото
Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска им се обрати на граѓаните со говор на надеж по повод претстојниот Божик.
– Тековната 2020 година беше неверојатно тешка. Верувам, и сите сме обединети во тоа, да се радуваме на денот кога конечно ќе можеме да се вратиме во нормала и светот ќе биде таков каков што го знаеме и цениме, нагласи Курц.
Тој рече дека не сака да зборува многу за тоа колку е тешко, бидејќи на Божик се слави надежта и благодарноста. Тој им се заблагодари на граѓаните за истрајноста и издржувањето на ситуацијата.
Курц изрази уверување дека Австрија ќе може да се врати во нормала во текот на летото.
– Во летото 2021 година, заедно ќе ја победиме пандемијата. Среќни празници во тој поглед и ви благодарам за поддршката. На сите посакувам 2021 да ни биде добра година, рече Курц