Анкета „Западен Балкан во време на пандемија“ – 80,1 отсто во државава со поддршка за членство во ЕУ
Најголема поддршка за членство во ЕУ има во Косово, 94,9 проценти, во Албанија 91,1 процент, следи Црна Гора со 83,2 проценти, БиХ со 81,4 проценти и Северна Македонија со 80,1 процент, покажува истражувањето „Западен Балкан во време на пандемија“. Истражувањето е спроведено за Европскиот Фонд за Балканот спроведен од агенцијата за стратешки маркетинг Ипсос.
Најголем оптимизам во однос на членството изразија анкетираните граѓани на Црна Гора, меѓу кои 52,4 проценти сметаат дека нивната земја ќе стане дел од ЕУ во следните пет години, додека 25 проценти изјавија дека ќе влезат во следните 10 години.
На Косово, чија независност не ја признаваат пет членки на Унијата и која се уште нема статус на кандидат за членство, 48,5 проценти од испитаниците сметаат дека ќе станат членки на ЕУ во следните пет години, 25,5 проценти изјавија дека ќе станат дел од Унијата во следните 10 година, а 8,6 проценти очекуваат да се приклучат во следните 20 години.Осум проценти од нејзините граѓани сметаат дека Косово никогаш нема да стане дел од ЕУ, а 9,4 проценти не знаат или одбиваат да се изјаснат.
БиХ – 28,1 процент од граѓаните на таа држава, 25,7 проценти граѓани на Северна Македонија, 20,9 проценти Албанци и 9,8 проценти Црногорци сметаат дека нивната земја никогаш нема да влезе во ЕУ.
Членството во ЕУ е поддржано од 64,1 процент од српските граѓани.
Испитаниците од Косово, 55,4 проценти и од Северна Македонија, 49,4 проценти, се најзадоволни од напредокот на патот кон ЕУ.
Најголемо незадоволство од напредокот на европскиот пат искажаа граѓаните на БиХ, 74,8 проценти, а потоа следат Албанија со 57,5 проценти, Црна Гора со 49 проценти, Северна Македонија со 46,9 проценти и Косово, каде 40 проценти не се задоволни од постигнатото.
Според истражувањето спроведено оваа есен, на репрезентативен примерок од најмалку 1.000 возрасни лица во секоја од шесте економии на Западен Балкан, 27,3 проценти од српските граѓани не го поддржуваат членството во ЕУ, додека 8,6 проценти велат дека не знаат. Речиси дваесет и два отсто граѓани сметаат дека Србија ќе стане членка на ЕУ во следните пет години, 28,4 проценти од испитаниците изјавиле дека тоа ќе се случи во следните 10 години, а 9,6 проценти веруваат дека членството ќе се случи во следните 20 години..
Повеќето испитаници изјавиле дека Србија никогаш нема да стане дел од ЕУ, 32,7 проценти, додека 7,6 проценти рекле дека не знаат или одбиваат да одговорат. 43,1 процент од српските граѓани веруваат дека владата може да се смени на изборите, 32,4 проценти не веруваат, 21,1 процент можеби се изјаснија, додека 3,5 проценти не знаат или одбиваат да се изјаснат.
Кога станува збор за теории на заговор, 34,9 проценти од српските граѓани сметаат дека има многу или одредена вистина во тврдењето дека кинеската влада го создала вирусот корона во лабораторија, 51,9 проценти сметаат дека тоа е претежно или воопшто не е точно, а 13, 2 проценти велат дека не знаат.
Во Северна Македонија 21 отсто се со „тврд“ став дека кинеската влад го создала Ковид-19 во лабораторија (49,7 многу или помалку веруваат во тоа), дека фармацевтската индустрија е вмешана во шиењето – 24,9 отсто (53 отсто многу или помалку), дека постои поврзаност меѓу 5Г и короната – 11,1 (30 отсто), дека армијата на САД го развила вирусот во лабораторија – 14,1 отсто (39,7 отсто) додека 16,9 отсто (39 отсто) сметале дека Бил Гејтс става чип во вакцината. Дека вирусот „избегал“ од лабораторија во Вухан сметаат 19,7 отсто анкетирани во Северна Македонија (42отсто вкупно – помалку или повеќе).
50,5 проценти од испитаниците во Србија веруваат дека фармацевтската индустрија е повеќе или помалку вклучена во ширењето на коронавирусот додека 58,2 проценти од српските граѓани не веруваат во теоријата дека постои врска помеѓу 5Г технологијата и вирусот корона.
Српските граѓани имаат сличен став за три теории на заговор, дека американската армија го развила вирусот корона како биолошко оружје, дека американскиот милијардер Бил Гејтс го користел вирусот корона за да „турка“ вакцина со чип што може да ги следи движењата на луѓето и дека вирусот корона „избегал“ од лабораторија во кинескиот град Вухан.
Помеѓу 45,7 и 49,8 проценти од испитаниците сметаат дека нема вистина или многу малку во овие три теории на заговор. За разлика од Србија, каде 34,9 проценти од граѓаните делумно или целосно веруваат дека кинеската влада го создала вирусот корона во лабораторија, тој процент во другите економии се движи од 43,1 процент во БиХ до 64,9 проценти во Албанија.
Додека 36,9 отсто испитаници во Србија сметаат дека има многу или одредена вистина во тврдењето дека вирусот корона „избегал“ од лабораторијата во кинескиот град Вухан, на Косово сметаат 57 проценти, а во Албанија 57,6 процент