Во ковид-центрите хоспитализирани вкупно 1072 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во цела држава е 1 072 и има околу 300 празни болнички кревети во ковид-центрите.
Според Министерството за здравство, во болницата во Битола се хоспитализирани 53 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19, во болницата во Штип 58 пациенти, на инфективното одделение во Тетово има 35 пациенти, во Велес 30, а во Куманово 89 пациенти позитивни и сомнителни на ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има 65 пациенти, во Прилеп 80, во ковид-центарот во Гостивар 38, а во Струга 38. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациенти, во Кочани 39 во Кичево 20, Кавадарци 20, во Гевгелија 18 лица, а во Дебар 5 позитивни и сомнителни на коронавирусот.