ВМРО – ДПМНЕ бара Царовска да си поденесе оставка
За лажната вест дека го брише предметот историја по фински модел, за што беше демантирана Царовска треба да си поднесе оставка
Царовска и Заев ги лажат граѓаните. Тие шверцерски без никаква консултација со никого го бришат предметот историја како посебен предмет во училиштата и безочно лажат дека тоа наводно е некаков фински модел.
Но лагата на Заев и Царовска беше брзо демантирана од од финското министерство за образование кое кажува дека историјата е задолжителен предмет во сите основни и средни училишта во Финска и со новата наставна програма дополнително се засилува.
Зоран заев и Мила Царовска во намерата да ја девалвираат македонската историја го бришат предметот историја за да излезат во пресрет на негаторските ставови на соседите за македонскиот идентитет, јазик, историја. Згора на тоа и безочно лажат.
Дополнително министерката Царовска без око да и трепне вели дека ова било по барање на професорите и експертската јавност, за сега да видиме дека ниту една надлежна институција не била консултирана за ваквиот потег и дека и МАНУ и Интитутот за историја и факултетите се противат на ваквата нивна анационална и ревизионистичка политика.
Со кого се консултирала Царовска за ваков срамен потег? Со квазиисторичарот Заев, кој веќе јавно искажа историски ревизионизам, навредувајќи ја антифашистичката борба на македонскиот народ и антифашистичките темели на македонската државност?
Лагата на Царовска не поминува. Од морални причини за ваква лага се поднесува оставка.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ