Двајца обвинети за трговија со дрога во Скопје
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои се товарат дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори согласно член 215 став 1 од Кривичниот законик.
– На 30 ноември, во домот во кој престојувал, првиот обвинет, 34-годишен скопјанец, неовластено држел седум најлонски пакувања со наркотична дрога марихуана, со вкупна нето маса од 54,82 грама. При претресот кај него била пронајдена и една дигитална вага. Во истиот дом, на булеварот “Босна и Херцеговина“, при претресот бил затекнат и вториот обвинет, 45-годишен скопјанец, кој во десниот џеб имал пластична кутија со 68,42 грама марихуана, а во левиот џеб – уште една дигитална вага со траги од канабис, соопштија од Основното јавно обвинителство Скопје.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за двајцата обвинети.