Џафери испрати пакетчиња за децата хоспитализирани на Детската клиника

– Претседателот на Собранието, Талат Џафери испрати новогодишни пакетчиња со книги за дечињата хоспитализирани на Детската клиника во Скопје.

Како што соопшти собраниската Прес-служба, Џафери до Посебното основно училиште „Иднина“ во Скопје и до Посебното основно училиште „Златан Сремец“ испрати нагледни средства за настава за секое училиште, согласно потребите на учениците и наставниците и соодветните наставни програми.

– Со оглед на здравствените протоколи во насока на почитување на мерките за заштита, особено на најмалите, претседателот Џафери не присуствуваше на доделувањето на пакетчињата. Тој испрати честитки и писма за благодарност за вработените во споменатите институции, во кои се заблагодари за работата и делата кои вработените ги реализираат секојдневно, за нивната посветеност во работата и во вонредни услови, истакнувајќи дека среќата треба да се споделува, зашто на тој начин таа расте и обзема, се вели во соопштението.

Вработените на Детската клиника, како што се наведува, се заблагодарија за постојаната поддршка на спикерот Џафери, како и за отвореноста на Собранието кон нивната институција. Директорките на ПОУ „Иднина“ и „Златан Сремец“ искажаа благодарност за подготвеноста на претседателот Џафери да излезе во пресрет на потребите на учениците и училиштата и да ја дополни радоста на отворање пакетче со радоста на нагледните средства кои ќе им бидат од полза цела година

Back to top button
Close