Заев: Бугарската донација на вакцини за нас е чин на пријателство
Премиерот Зоран Заев во вечерашното интервју на ТВ Канал 5 прашан зошто прифативме Бугарија по ветото за ЕУ да ни подари вакцини и зошто не го одбивме тој подарок рече дека тој и владата веруваат дека тоа е чин на пријателство.
„Горчината од ветото е во сите нас, но рековме дека продолжуваме со преговорите со пријателска Бугарија за остварување на нашата стратешка стратегија полноправно членство во ЕУ“, рече Заев.