Пописот ќе покаже колку сме, од резултатите нема да зависи губење или добивање нови права
Пописот мора да се одржи и да се добијат податоци кои се битни зе секој држава. Лицата кои се надвор од државата подолго од една година, по правило на ЕУРОСТАТ не спаѓаат во домашно население. Какви и да бидат резултатите, никој нема ниту да добие повеќе права или да изгуби стекнати, порача премиерот Зоран Заев.
-Тоа е Еуростат правило. Јас така го знам. Сите што се повеќе од една година надвор од државата тоа се иселени луѓе од државата, тоа не е население домашно и тоа е јасна работа. При попишувањето денеска со интегрираниот систем којшто МВР го има целосно да располагање ние во секој момент можеме да провериме кој било граѓанин, ние – државата, дали е тука во државата или не и колку време е надвор од државата. Тоа се проверува на копче буквално заради тоа што секој излез од државата е регистриран. До пред четири години немаше таква можност заради тоа што многу често, можеби и вас ви се случило, мене ми се случило, во гужвите летото те пуштаат низ границите ајде помини. Сега веќе тоа е недозволиво, истакна премиерот Заев во „Само Интервју“ на Канал 5 ТВ.
Тој додаде дека на седница на Влада бил донесен заклучок секој влзе или излез од државата да биде регистриран, заради тоа што, како што рече, знаевме дека еднаш ќе ни дојде потребата за попис.
-Денеска можете да проверите буквално кој е тука. Така што стравот дека ќе се оставеле лични карти тука на нашинците што живееле во дијаспората, па за време на КОВИД може да е пописот уште нели, па ќе ги попишат само личните карти, а они се всушност надвор тоа е невозможно заради тоа што со еден клик знаеме кој е тука во државата кој не е тука и не треба да се плашиме. На крајот дали Македонците биле над 65 отсто под 65 отсто, Албанците биле над 25 отсто под 25 отсто или слично нема ретроактивно дејствие, никој не губи права ниту добива права. Оваа земја веќе прерасна во граѓанска држава каде што граѓаните се еднакви со своите права и со своите обврски. Дури и да се случи податок плус или минус од она што го знаеме, рече Заев.
Јас, нагласи премиерот Заев, не сакам да прејудицирам какви ќе бидат резултатите.
-Пописот ќе каже колку сме, какви сме, кои сме тука, кои се надвор од државата и готово. Прво што утврдивме, утврдивме дека никој не губи ништо, нема ретроактивност. Уставот е фиксиран, законите ни се фиксирани, истакна премиерот.
Според него и доколку пандемијата трае и напролет кога се планира пописот да се одржи, тој нема да има потреба да биде одложен бидејќи не е ризична операција.
Премиерот ја повика опозицијата да даде поддршка за законот за попис и за целата операција.
-Јас ја повикувам навистина да ја поддржи. Има неколку работи, Клиничкиот центар, пописот, не знам многу закони, дај заедно да застанеме. Еве, не знам, законот за легализација на дивоградбите една и пол година стои во Парламентот. Не се однесува на колективни згради, избришавме, таму нема легализација на станови и колективни згради. Но, има на куќите, има социјални случаеви коишто го испуштиле рокот, немале пари за елаборат ќе ги рушиме или не. Ние имаме еден куп проекти за коишто треба застанеме заедно, истакна премиерот Заев во интервјуто.