Заев за Црвенковски: Би сакал да имаме поранешни претседатели како Стипе Месиќ
Посакувам да имаме поранешни претседатели и премиери кои ќе бидат активни чинители во општеството, кажа премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев, алудирајќи дека неговиот претходник во партијата и поранешен шеф на државата, Бранко Црвенковски, е инертен на таа позиција. Коментарот дојде во интервјуто на Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, кога беше прашан како ја доживеал критиката на Бранко Црвенковски на интервјуто кое Заев го даде за бугарски БГНЕС, пренесе „360 Степени“.
Заев, на почетокот на одговорот, кажа дека коментарот на Црвенковски го доживеал како демократско право. Но, набрзо потоа возврати. Така, за ставот на Црвенковски дека го замрзнува своето членство во СДСМ се додека не се свика Централен одбор кој ќе ги отфрли ставовите на премиерот, Заев со доза иронија кажа дека „замрзнато е тоа одамна“ и дека секој може да го свика Централниот одбор.