Жената која беше застрелана при упадот во Конгресот била военa ветеранка и го обожувала Трамп
Како што јавува New York Post жената која била застрелана е Ashlee Babbitt, ветеранка во Американското воено воздухопловство од Сан Диего.
Жената, пред упадот на приврзаниците во зградата на Конгресот на Твитер напишала „Ништо нам нема да не запре“, и „Бурата е овде“. Била мажена, а во Американското воено воздухопловство поминала 14 години.
Освен овие твитови, таа во текот на вчерашниот ден на својот твитер налог напишала „Ништо нема да не запре..Може да се обидат, но бурата е овде и се спушта на DC за помалку од 24 часа…темнина во светлост“.
Исто така таа направила „попис“ на она што треба да се направи пред да се состане Конгресот. Во нејзиниот „попис“ е оставка на потпретседателот Мајк Пенс и покренување на обвинение против него поради предавство.