Објавена книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид ја објави книгата „Григор Прличев и неговиот ХIХ век“ од Вера Сточевска-Антиќ и приредувачот Милчо Јованоски.Проф. д-р Георги Сталев, еден од најдобрите познавачи на животот и делото на Прличев, во рецензијата наведува дека „кај нас.Григор Прличев е најочевидниот пример на интелектуалец од Охрид кој во својот постепен и длабок развоен пaт, од детството до знаменит ’Втор Хомер’ во Атина, за да дојде до сознание дека еден ’општословенски’ јазик е за него добредојден, појасно од употребата на бугарскиот јазик.
– Во суштина, тој одлично го говори својот мајчин охридски дијалект, но ја чувствува потребата за еден општословенски јазик, кој сака да го поврзе со вековното влијание на словенскиот развоен пат на јазикот, поточно поврзан уште со времето на Климента, како еден вид измислен од него „литературен јазик“. Пред него „и денес горат безбројни кандилца во Охрид“. Толку е длабок Климентовиот култ во Охрид и денес. Вера Стојчевска-Антиќ запира и на заедничките мотивации за создавање на слова, посебно влијанијата на св. Клиемт Охридски врз одредени слова на Григор Прличев, кои се мотивирани од заеднички извори, вели рецензентот Сталев.
Покрај 12 трудови од д-р Стојчевска-Антиќ, книгата содржи и автографски записи, документи, мислења од охридскиот новинар Милчо Јованоски. Тој изнесува податоци и слики за куќата и гробот на Григор Прличев, за семејното стебло (прв жпат во печатена форма) за најастарите македонски изданија на негови значајни дела, филмови за Прличев, Прличевите визити, добитниците на наградата за најдобра поема…






