Институтот за фолклор „Марко Цепенков одбележува 70-годишен јубилеј

Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, прославува 70 години од своето постоење. 

-Како резултат на долгогодишното постоење и работа на Институтот, во 2020 година  се објави монографијата „70 години 1950 – 2020“ во издание на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во редакција на д-р Зоранчо Малинов и д-р Катерина Петровска-Кузманова, стои во соопштението испратено до јавноста.

Како што информираат од Институтот, свечената промоција по повод јубилејот нема да се одржи поради актуелната ситуација со Ковид пандемијата.

Back to top button
Close