Природен и здрав начин за одржување на здрав кардиоваскуларен систем и добар проток на крв
Кои се природните производи кои помагаат за здрав кардиоваскуларен систем
Изминатата година пандемијата го смени начинот на живот на сите. Животните приоритети, кај некого повеќе, кај некого помалку направија промена во секојдневното делување, но и како се грижиме за нас, и нашето здравје.
Меѓу заболувањата кои се зачестени во креирање на компликации при заболување од Ковид – 19 се и здравјето и состојбата на кардиоваскуларниот систем и состојбата на крвта. Кардиоваскуларните болести може да се превенираат, но и третираат, со одредена урамнотежена исхрана, начин на живот и суплементација. Како дел од исхраната се препорачува медитерански тип на исхрана која се базира на зеленчук, овошје, риба, маслиново и други нерафинирани масла, јаткасти плодови. Исхрана богата со антиоксиданти, омега масни киселини, магнезиум и останати здрави и делотворни елементи.
Значајно место во исхраната заземаат антиоксидансите, бидејќи постои значајна врска помеѓу нивниот внес и здравјето на крвните садови. Секојдневното консумирање на оброци полни со зеленчук, (цвекло, морков, зелка, домат, блитва, магдонос, пиперки..) овошје со јатки (боровинки, капини, јаболка, сливи..) придонесува за спречување на оксидацијата на масните материи во крвотокот и формирање на згрутчувања во крвта, како и подобрување на нормалната циркулација на крвта.
Омега масните киселини, особено омега 3 масните киселини кои превенираат формирање на згрутчувања во крвта кои може да го загрозат животот. Маслиновото масло меѓу другото во себе содржи и есенцијални масни киселини, меѓу кои и омега 3 и омега 6 кои успешно го намалува нивото на лошиот, а го покачува нивото на добриот холестерол. Маслиновото масло исто така е богато со антиоксиданси и полифеноли, супстанци кои спречуваат создавање на масни наслаги на крвните садови.
Брзото секојдневие, нередовна исхрана со храна со помал нуртитивен состав или пак недоволниот внес на нутриенти може да се надогради и дополни со суплементи кои претставуваат добар избор за надоместување на важните состојки кои ни се неопходни за здрави крвни садови. Елементи на кои треба да обрнеме внимание се витамин Е, омега масни киселини.
Добриот проток на крв овозможува внес на нутритивните елементи и кислород во нашите клетки, со што ги поставува темелите за подигнување и одржување на здравјето. Изминатите години се поактивно се зборува и за медицинскиот озон (О3). Во медицината озонот има долга употреба за дезинфекција и стерилизација, и докажано дејство во борба со бактериите и вирусите. Медицинскиот озон исто така ја зголемува способноста за транспорт на кислород на крвта за 2 до 10 пати, ја зголемува флексибилноста и еластичноста на црвените крвни клетки, протокот на крв го доведува во нормалното ниво и овозможува регулирање на циркулацијата и потпомага на целиот кардиоваскуларен систем.
Ozone Gold има производ, Ozone Factor капсули со ладно цедено маслиново масло со капсулиран медицински озон. Ладно цеденото маслиново масло во себе содржи омега 3 и омега 6 масни киселини, и е богато со антиоксиданси и полифеноли кои надополнети со медицинскиот озон претставуваат подобра поддршка на вашиот кардиоваскуларен систем, состојба на крвта, вашето здравје и имунитет.
Повеќе за самите капсули можете да прочитате на www.ozone-gold.com
комерцијална објава