АНАЛИЗА: Сите параметри на едно место – економијата го допре дното, следува ли заздравување!

Стопена доверба на стопанствениците, пад на индустриското производство, намалување на бројот на вработени во индустријата. Статистиките ги белажат едни од историските најлоши податоци за економијата, која во 2020 та е во рецесија, пишува “Порталб“. Се ситни новата 2021 ва година – власта го пакува новиот пакет на антикризни мерки кои треба да помогат за опоравување на приватниот сектор.
Намалената побарувачка од странство – фактор што го ограничува производството …
Се стопи довербата на менаџерите од преработувачката индустрија – расте процентот на оние кои сметаат дека има влошување. Надлежните институции ги сумираат податоците за тоа како заврши историски најтешката година за економијата. Индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во декември 2020 година во однос на декември 2019 година е намален за 8.5 процентни поени. Намалената побарувачка на странските пазари поради Ковид 19 кризата и вкупната економска незвесност се клучните фактори кои влијаат на бизнисот.
Влијание на фактори кои го ограничуваа производството
недоволната странска побарувачка 21.3 %
неизвесното економско опкружување 18.9 %
недостигот на квалификувана работна сила 15.7 %
недоволната домашна побарувачка 13.8 %
Како за вовед во оваа 2021 ва, благ оптимизам влева оценката за поповолни економски движења на крајот од минатата година заедно со очекувањата за зголемување на бројот на вработени.
“Оценката за економската состојба на деловните субјекти во декември 2020 година е поповолна во однос на претходниот месец, а понеповолна во однос на декември 2019 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми” – наведуваат од Заводот за статистика.
Намален број на вработени речиси во сите индустрии….
Наспроти ваквите оценки, параметрите покажуваат дека речиси да нема индустрија без намален број на вработени. Во декемри 2020 та во споредба со истит месец лани, бројот на вработени во индустријата е намален за 4,2% и овој тренд е регистриран во скоро сите дејности, а најмногу во преработувачката индустрија.
Број на работници декември 2020/19
Рударство и вадење на камен -3,8%
Преработувачка индустрија -4,3%
Снабдување со електрична енергија, гас, пареа -3,3%
Освен во овие сектори, драматичен пад е регистриран и во трговијата, односно на прометот во трговијата и тоа со стапки кои се двоцифрени. Единствено пораст има на прометот во трговијата со моторни возила и мотоцикли и новно одржување. Кај сите останати сегменти на трговијата има пад.
Промет во трговија декември 2020/19
Трговија на големо -32,2%
Трговија на мало -14,0%
Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун -6,6%
Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво -15,8%
Според прогнозите и плановите на Владата, годинава се очекува стабилизација на економските движења , со раст кој треба да надмине 4 отсто. Ова оптимистичко сценарио го најавува последниот месец од 2020 та година, кога индустриското производство се одлепи од дното, со раст од 2,5%.
“Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2020 година, во однос на декември 2019 година, бележи пораст од 10.2 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 3.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 6.1 %” – наведува државната статистика.
Речиси сите сектори ќе бидат дел од новиот петти пакет на антикризни мерки – транспортот, тутунарите, извозните компании, угостителството, медиумите. Според проеценките директната финансиска помош се проценува на околу 50 на милиони евра, но со овој пакет не се планира еднократна парична во форма на платежни картички. Дел од секторите реагираат дека помошта треба да биде навремена, но веќе е јасно дека најдолгиот месец, јануари, ќе остане без државна помош.






