Во Дебар нема доволен број на попишувачи Македонци и Албанци

Регионалната комисија за попис во општините Дебар и Центар Жупа денеска информираше дека на тестирањата кои се одржани во двете општини ,има недостаток на попишувачи Македонци и Албанци.

Претседателот на комисијата Решат Ќормемети изјави дека од вкупно 11о пријавени кандидати за попишувачи и инструктори , на тестирање биле пријавени само 7о. ,, Според податоците од тестирањето фалат попишувачи и инструктори Македонци и Албанци додека пак бројот на попишувачите Турци и Роми е доволен,, вели претседателот на комисијата Ќормемети и додава дека за дополнување на бројот на почишувачи ке се бара попишувачи и инструктори од други градови .

Според комисијата за регионот 24 за пописот во двете општини од најзападниот регион во Македонија е предвидено да има 61 попишувач од кои 13 Македонци, 3о Албанци, 16 Турци и 2 приоадници на ромската етничка заедница . Исто така треба да има и 11 регионални инструктори . Во комисијата велат дека ке има и неколку резервни попишувачи .

К. Мимидиноски

Back to top button
Close