И Мистер Бин е против cancel културата: Тоа е средновековна толпа со дигитална моќ да изгори било кого

Британскиот актер и комичар Роуан Аткинсон, или Мистер Бин е еден од ѕвездите кој ја искритикува таканаречената cancel култура. Култура на исклучување или Cancel Culture се однесува на популарната практика да се поддржи исклучување на јавна личност и/ли компании откако ќе речат или направат нешто кое се смета за неприфатливо и навредливо од поддржувачите на cancel Културата. Најчесто се одвива на социјалните мрежи, ама доста често може и да излезе од светот на интернетот и да има „последици“ и „исклучување“ и во реалниот свет. Во тоа име, луѓе се бркаат од работа, им се забранува да зборуваат пред публика, остануваат без платформата на која се изразуваат, жигосувани се по социјални мрежи, сето тоа само затоа што се дрзнале да имаат поинаков став од владејачките догми.

За време на обемното интервју за Радио Тајмс, Аткинсон рече дека културата на исклучување ја уништува слободата на говорот и создава страв за иднината.

„Важно е дека сме изложени на широк спектар на мислења, но она што го имаме сега е дигиталната моќ на средновековната толпа што лута по улиците и бара некој да гори“, рече тој. „Значи, тоа е страшно за секој што е жртва на таа толпа и ме исполнува со страв за иднината“.

Аткинсон во минатото водеше кампања за да го заштити јавното право на слобода на говор и помина многу години водејќи кампања против законодавството што предизвика навреда во Велика Британија, бидејќи наводно поттикнувал верска омраза. За време на видеото од 2012 година, тој рече дека луѓето мора да имаат „право да навредат“.

За време на истото интервју за Радио Тајмс, Аткинсон откри и дека не ужива да ја игра својата класична улога на Мистер Бин. “Не уживам многу кога го играм. Тежината на одговорноста не е пријатна. Сметам дека е стресно и исцрпувачки и со нетрпение го чекам крајот”.

Back to top button
Close