Тозија- Во агенцијата за филм има документи за сомнежи како финансиски работел Манчевски
Во интервју за порталот а1 он доскорешниот директор на агенцијата за филм Горјан Тозија зборува за нападите за финансиски злоупотреби од негова страна во некој медиуми пред да замине од функцијата,за иднината на кинематографијата и успесите но и за подрчката што им ја давал на младите автори да им се спротивстават на авторите кои бараат мегаломански буџети.
Неговата теза е дека милионските хонорари не се никаква гаранција за успешен филм. Вели дека не му било воопшто лесно да се спротивстави на навиките на агенцијата да работи без стратегија и со сомнителна подршки на проекти.
Во интервјуто Тозија отворено зборува дека е разочаран зошто институцииите и истражните органи не ги расчистиле големите суми пари одлеани во филмски проекти за кои не е снимена ни секвенца а парите се исплатени.
Вели дека и натаму според него како закана остануваат некој личности кои сакаат и натаму да негуваат култ кон авторот,оној непобедливиот за кого парите се секогаш обезбедени.Тозија отворено го вперува прстот во нашиот познат филмски режисер Милчо Манчевски за кого вели дека е најскапо платениот наш уметник на кого никогаш не му е доста.
Тој тврди дека покрај заслугите што за Македонија ги направил Манчевски со филмот Пред дождот номиниран во 1994 за оскар, од тогаш барал и добивал огромни буџети но ни од далеку тие проекти не се приближиле на првиот филм.Тозија вели дека во агенцијата има многу документи,договори за проекти на Манчевски,кои отвараат сомнежи како остава фирми во долгови,како префрлува пари, и очекува институциите да покажат интерес за ваквите работи.
Целото интервју тука