Почина Александар Шиколе, познат доктор и професор на Медицински факултет
По кратко и тешко боледување, на 67-годишна возраст почина истакнатиот професор д-р Александар Шиколе.
Еден од најпознатите македонски нефролози беше редовен професор на Катедрата за интерна медицина, а сиот свој работен век го мина на Клиниката за нефрологија во Скопје, каде неколку години беше и директор.
Докторирал во 1994 година од областа на примената на еритропоетинот кај пациенти лекувани со ХД, проблематика на која континуирано работеше. Дома и во странство објавил над 250 труда од неговата специјалност. Како истакнат меѓународен експерт бил гувернер на Европското здружение за вештачки органи.