СЗО со повик за зголемено производство на „Дексаметазон“

Светската здравствена организација (СЗО)  повика да се зголеми производството на Дексаметазон, откако британските научници објавија дека тој стероид значително ја намалува смртноста кај пациенти со тежок облик на Ковид-19.

– Се соочуваме со нови предизвици: зголемување на производството и брза и правична дистрибуција на Дексаметазон ширум светот, фокусирајќи се на тоа каде е најпотребно, нагласи генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус.

– За среќа, тоа е ефтин лек произведен од многу фабрики ширум светот што, сигурни сме дека може да го забрзаат производството, додаде тој.

Првите резултати од британското клиничко испитување „Recovery“ објавено минатата недела покажуваат дека Дексаметазонот ја намалува смртноста за третина кај пациенти со најтешка форма на болеста.

– Дексаметазон треба да се користи само кај пациенти со Ковид-19 кои се во тешка и критична состојба, со строг клинички надзор, предупреди тој.

– Нема докази дека тој лек е ефикасен кај пациенти со лесна форма на болеста и при превенција, дури и може да биде штетен, посочи тој.

Back to top button
Close