Рестриктивните мерки остануваат на сила уште една недела

Рестриктивните мерки остануваат на сила уште една недела, неофицијално дознава НОВА. Одлуката е донесена утрово на Главниот координативен кризен штаб, по предлог на министерот за здравство д-р Венко Филипче, односно Комисијата за заразни болести.

Веќе следната недела, по анализата на состојбата ќе се утврдува дали полицискиот час ќе се намали за еден час, а угостителските објекти ќе можат да примаат гости само надвор. Предлогот за мерките утре ќе биде на седница на Влада, каде треба да се усвои.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close