На инфективните одделенија во земјава и во главниот град се лекуваат 1581 позитивен пациент на коронавирус

– Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1581 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид центрите, соопштија од Министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 942 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. Што се однесува на лицата сомнителни и потвредени со Ковид-19, во главниот град, од таму информираат дека во инфективните одделенија во Скопје се лекуваат 639 лица. Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализирани 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.
– Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 10 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 4 нови болни, а исто толку пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти, се вели во соопштението од Министерството за здравство.
Здравствените власти, исто така, информираат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 57 оздравени пациенти. Тие посочуват дека во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваaт 263 пациенти.
– Во ГОБ 8 Септември има вкупно 132 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 146 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 49 пациенти. На Клиниката за детски болести има седум деца позитивни на Ковид 19 вирусот и исто толку мајки, а на ГАК има две позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 49 болни, соопштија од Министерство за здравство.
Голем дел од пациентите во главниот град како што, истакнуваат од Министерство за здравство, се на кислородна поддршка.
– Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 113 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места, информираат од Министерството од каде е додават дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.
Статистичките податоци објавени од Министерството за здравство покажуват дека во Битола се хоспитализирани 131 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19, односно во болницата во Штип се хоспитализирани 87 пациенти.
– На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 98 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 91, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 30 во Кичево 32, Кавадарци 54, а во Гевгелија 20 лица позитивни и суспектни на коронавирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти, соопштија од МЗ.
Во тек на денот како што информираат од Министерство се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.






