Изложба за 30 години од меѓународниот детски фолклорен фестивал „Оро без граници“

Детскиот културен Центар „Карпош“ од Скопје го прославува јубилејот 30 години  меѓународен детски фолклорен фестивал „Оро без граници“ со иложба на фотографии, која е отворена од денеска до 29 април во новиот салон на ГАЛЕРИЈА „КО-РА“ во Домот на култура „Кочо Рацин“ – Скопје.

Поставката содржи фотографии на кои се претставени членовите на ансамблот од повеќе генерации во традиционални носии од повеќе региони на државава.

Директорката на ДКЦ „Карпош“ е и една од најстарите членови на ансамблот каде започнува од најраното детство.

-Изложбата има и архивско значење, а ги поврзува уметностите преку запазувањето на традицијата на танцот, музиката, носиите, вечно инспиративни, и толку сугестивни во својата изворна автохтона убавина. Неа ја надополнуваат и  употребните предмети кои носат патина и носталгија на едно далечно време и будат инспирација за запазување на вредностите и во ововременото и урбано живеење и навраќење на изворите кои будат милозвучност и носталгија  особено кај генерациите кои се далеку од огништата и од зародишот на традицијата, кога се  далеку во дијаспората, истакна по повод изложбата Виолета Калиќ, стручен соработник за визуелни уметности, дизајн и архитектура.

Проектот е во организација на Детскиот културен Центар „Карпош“, а е поддржан од Град Скопје и јавната установа Дом на култура „Кочо Рацин“ Скопје.

Back to top button
Close