Изложба на дела од Денис Боувен по повод еден век од неговото раѓање

– По повод  стогодишнината од раѓањето на Денис Боувен (1921-2006), значајниот британски уметник и голем пријател на нашата земја, денеска, во Чифте амамќе биде отворена изложба на која ќе бидат претставени 40 негови делаПоради мерките за заштита од Ковид  19, на отворањето ќе присуствуваат неколкумина пријатели на Боувен.
Изложбата е во организација на Асоцијацијата за култура ИКОН и е подржана од Град Скопје.

Кон изложбата на британскиот автор, се посочува дека Денис Боувен со својата оригиналност и непосредностсо извонредното чувство за перцепцијауште во годините по Втората светска војна се ослободува од влијанијата на традицијатаПрави голем исчекор градејќи модерен начин на изразување и определувајќи се за апстракната уметност. XX век го смета за столетие на технолошки напредок што, како што се посочува, се одразува и во неговото сликарство преку употребата на нестандардни материјали.

Според организаторот на изложбата, тој  беше наш културен амбасадор кој пишуваше за македонската ликовна сцена во Лондончовек кој неуморно работеше на собирање на дела од британски автори за колекцијата на Музејот на современа уметност – Скопје.

-Боувен беше чест гостин на ликовните колонии во СтрумицаКичевоКрива ПаланкаОхрид и зад себе остави стотина дела кои сега се во јавни и приватни колекцииГрадот Скопје за неговата работа му ја додели наградата 13 Ноември“ во 2003 годинакоја не треба да се сфати само како награда за придонесот кој тој го има направено за нашиот градтуку и како македонска награда која му се доделува за пријателството со ликовните уметницикритичаритепоетитено и со обичните луѓе од Северна Македонијапосочи претседателот на Асоцијацијата за култура  ИКОНКлиме Коробар во чијашто сопственост се делата на изложбата што публиката има ретка можност да ги види.

Денис Боувен е роден 1921 година во КимберлиЈужна АфрикаСтудирал сликарство на Royal College of Art, а по 1940 година предавал во повеќе уметнички школи во БританијаИзложувал на големи национални и интернационални изложби и соработувал со уметнички списанија во Британија и во странствоВо 1954 година бил избран за член на Кралската академија на Камбрија.

Тој е еден од првите „ташистички“ сликари во Британијa; влијанијата од Париската школафутуриститеКандински и Макс Ернсткако и неговата опсесија со откривањето на просторот понатаму се развиваат во негов сопствен апстрактен стилВо 1952 годиназаедно со други уметници членови на Институтот за современа уметностБоувен ја основа Групата на слободни сликари и скулптори.

Секогаш во центарот на новите идеи и техники и незадоволен од ограничувањата што ги наметнувале постојните галерииБоувен и неговите колеги ја отвораат New Vision Centre Gallery во 1954 година како прва галерија посветена на апстрактната уметностВо 1984 годиназаедно со уметниците Џон Белани и Дерек КулиБоувен ја основа Celtic Visionпретставувајќи ги современите уметници од келтскиот регион на ИрскаШкотскаВелсКорнволБританија и Галиција во северозападна ШпанијаВо 1997 година Боувен излага во Diorama Art Gallery во Лондонзаедно  со Нино СпалонеПиндарос Михеладес и Стефан Кортво чест на COSMOPOLIS  Artists of the School of Londonизложба одржана во 1964 година во Whitworth Gallery во Манчестер.

Негови дела се наоѓаат во бројни јавни и приватни колекции ширум светот

Back to top button
Close