Васил Гарванлиев не се пласираше во финалето на Евровизија

Македонскиот евровизиски претставник Васил Гарванлиев настапи на првото полуфинале на „Евровизија“ под реден број шест со песната “Here I stand”. Евровизијата, која е 65-та по ред,  се одржува, во Холандија. Гарванлиев беше сам на сцената, а неговиот настап беше проследен со соло кореографија. Веднаш по него настапи Елена Сагриу претставник на Ирска.

Инаку, претходно, премиерот Зоран Заев преку социјалната мрежа Фејсбук ги повика сите кои живеат во странство и кои според евровизиските правила имате можност да гласате за македонскиот претставник.

Од земјава ние, како и сите други држави учеснички, не може да гласаме за својот претставник.

Финалето за оние кои ќе поминат во двете полуфинални вечери, ќе се одржи  во сабота на 22 мај.

 

Back to top button
Close