Германската министерка за семејство поднесе оставка поради плагијат на докторатот

– Германската министерка за семејство, Франциска Гифи, денеска  поднесе оставка по повеќегодишни обвинувања дека препишала делови од својата докторска дисертација.

„Донесов одлука да ја замолам германската канцеларка Ангела Меркел за разрешување од должноста сојузна министерка за семејство, стари лица, жени и млади“, напиша оваа членка на Социјалдемократска партија во својата писмена оставка.

Заднината на нејзината оставка е преиспитувањето на нејзината докторска дисертација од 2010 година. Комитетот на Слободниот универзитет во Берлин (ФУ) уште во 2019 година одлучи да и се одземе докторатот на министерката, но постапката беше повторно отворена минатата година, по што Гифи се откажа од докторската титула.

Процесот се уште не е завршен, но Гифи одлучи уште сега да се повлече за „владата, партијата и јавноста да имаат појасна слика“.

Гифи кажа дека ја напишала својата дисертација на тема Европската комисија „со најдобри намери и волја“ и дека жали доколку притоа и се протнале грешки.

Таа додаде дека ќе ја прифати евентуалната одлука за поништување на докторатот.

Социјалдемократска политичарка ќе ја задржи својата позиција како главен кандидат на СДП во сојузната покраина-град Берлин.

Пред десет години, министерот за одбрана Карл Теодор фон Гутенберг и две години подоцна, министерката за образование Анет Шаван, поднесоа оставки во врска со обвиненијата за плагијат.

Back to top button
Close