ВИДЕО | Mитровска од „Билка“: Наместо цигари, алкохол и други дроги со докажано негативно дејство, подобро е да се конзумира канабис
Владата ја усвои информацијата за формирање „Работна група за подготовка на измени и дополнувања на законодавството за декриминализација, легализација и искористување на медицинските, социјалните и економските придобивки на канабисот”, составена од институции, здруженија и граѓански организации, а врз основа на доставените барања и предлози од различните чинители до Канцеларијата на претседателот на Владата на Република Северна Македонија.
За координатор на работната група е назначен националниот координатор за стратегиски комуникации во Владата, а во неа ќе членуваат и ќе добијат покана за учество претставници од кабинетот на премиерот, од министерствата за здравство, за правда, за внатрешни работи, од Здруженијата на токсиколози, на педијатри, на онколози, претставници од Здруженијата на млади фармацевти, кривичари, претставник од Хелсиншки комитет за човекови права, од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје, од Коалиција Маргини, од здружение Операција Ослободување, претставник од Здружение за канабис и зелени политики Билка, од НВО коалиција Канабис институт Пелагонија, од Национален младински совет на Македонија, како и претставник од Мак канабис, здружение на производителите на медицински канабис
Мандатот на работната група ги опфаќа прашањата поврзани со регулација на производство и употреба на билката канабис и тоа декриминализација и легализација на поседување и лична употреба, декриминализација на одгледувањето на растенија за лична употреба, разгледување можности за основање и работење на социјални клубови, зголемување на бројот на здравствени состојби за кои можат да се користи канабис, дозвола за лекари од приватното здравство да препишуваат препарати од канабис и можност пациентот кој добил препорака за лекување со препарати од канабис да може сам да си одгледа и користи во форма во која најмногу му одговара за неговата состојба (орално, преку инхалација или преку супозитории), како и основање на Агенција за канабис и формирање Фонд од давачките/даноците кои компаниите кои произведуваат и тргуваат со канабис ќе ги плаќаат кон државата, со цел поддршка на проекти од општествен интерес во сферата на лекување на ретки болести, медиуми, медиумски работници и продукција на домашни медиумски содржини, граѓанското општество, културата и спортот, како и за поддршка на работата на Агенцијата за канабис.
-Вчера ја добив веста дека се оформи работната група каде ќе бидат поканети невладини здрженија, организациии, верувам дека ќе бидат вклучени и поканети индивидуани активисти. Ние ја прифаќаме поканата, секако дека ќе учествуваме, но се уште во „Билка“ треба да видиме кој ќе биде нашиот претставник, но дебатата трае одамна, пред „Билка“ да постои. Јас ќе речам – ај да видиме, да почнеме прво, индивидуално не сум многу возбудена за оваа изјава, бидејќи во период кога имавме конференција во ноември 2020 истата изјава ја даде премиор Заев дека е за декриминализација и легализација, ние после конференцијата поднесовме писмено барање за прием кај министерот за здравство, правда и кај премиерот, но немавме одговор, така што останува да видиме, изјави во Утрински брифинг Елена Митровска од Здружението „Билка“.
-Ставот на политичката партија не е про-канабис. Изјавата пак на спикерот на Собранието не знам како да ја коментирам, бидејќи легализација и декриминализација не е нешто необјективно или невидено. Напротив, мислам дека повеќе треба да се конзумира канабис наместо цигари, алкохол и наместо сите останати психотропни супстанци и психотични дроги кои имаат докажано негативно дејство врз граѓаните. Сигурно има пречки штом по четири години власт на владејачката политичка партија се е декларативно. Мислам дека кога ќе се отвори таа дебата, таа работна групам, ќе излезат многу несогласувања пречки, можно е да има привилегии за одредени бизниси. Нашите оригинална идеја е да можат и граѓаните да имаат учество, вели Митровска.
Целиот разговор погледнете го во видеото: