Изложба со протестен карактер за подршка на палестинскиот народ

Изложба со протестен карактер за подршка на палестинскиот народ во Газа организираа група на студенти од Тетово на градскиот плоштад.  Тие истакнаа фотографии со кои истакнаа дека станува збор за различни геноциди, транспаренти со пораки и палестински знамиња.

Ова што го правиме е хуманитарна изложба, не е верска, не е национална, затоа што цел свет прави вакви нешта, како во Вашингтон, Њујорк и Лондон и ние сакавме да направиме нешто. Покажуваме дека како Албанци, како Македонци, како тетовчани, сме против секое зло, против секој кој прави зло. Хуманитарната изложба е со фотографии за геноцидите, со фото од Холокаустот и други геноциди се до ова што се случува во Палестина, истакна Арсим Идризи, еден од организаторите.

На транспаренти беа истакнати паролите : Народите се со Палестина, Владите се со Израел. Ослободете ја Палестина Спасете ја Газа, Народот е со Палестина и други.

Back to top button
Close