Ал Џазира: Израел го известил Египет дека има намера да ја прекине воената операција против палестински Хамас
Израелската влада ги известила египетските посредници во индиректните разговори за прекин на огнот со палестински Хамас дека има намера да ја прекине својата воена операција, јави денеска Ал Џезира, повикувајќи се на неименувани извори.
Во извештајот не се споменува кога би стапило во сила примирјето.Хусам Бардан, член на политичкото биро на Хамас, нагласи дека не е постигнат договор со Израел за прекин на огнот и дека организацијата ќе ја процени ситуацијата и ќе одлучи што да прави ако извештаите дека Израел се подготвува да прогласи едностран прекин на огнот се точни.