Фајзер и Бионтек најавија дистрибуција на две милијарди вакцини против Ковид-19 за државите со ниски и средни приходи

– Фармацевтските компании Фајзер и Бионтек денеска се обврзаа годинава да испорачаат една милијарда дози вакцинни против Ковид-19 на сиромашните држави и уште една милијарда дози следната година.

Генералниот директор на Фајзер, Алберт Бурла на Самитот Г-20 најави дека во следните 18 месеци Фајзер и Бионтек ќе достават две милијарди дози вакцини против Ковид-19 на земјите со средни и ниски приходи, а една милијарда ќе бидат испорачани до крајот на годината.

Тој додаде дека на земјите со ниски приходи вакцините ќе им бидат понудени по набавна цена, додека државите со средни приходи би платиле околу половина од целата цена односно 20 долари по доза.

Но, се уште не е договорено дали вакцините ќе бидат испорачани преку Програмата на Обединети навции за вакцини КОВАКС.

Со испораката на вакцини до сиромашните земји би се надминал проблемот во нерамномерната дистрибуција на вакцини, бидејќи досега најмногу вакцини се продаваа на богатите држави.

Back to top button
Close