Едно лице убиено, а четири се повредени во напад со нож во Амстердам

Холандската полиција соопшти дека едно лице е убиено, а други четири се повредени во напад со нож што се случил во Амстердам. Според полициските информации, осомничениот е приведен.

Нападот се случил вчера вечер во кварт во кој има повеќе угостителски објекти, кои, иако биле затворени поради рестриктивните мерки, имало поголема раздвиженост меѓу граѓаните.

Според полицијата, нападот се истражува од сите можни аспекти, но засега нема директни индикации дека се работи за терористички напад.

Четирите повредени лица се хоспитализрани, но нема детали за нивната здравствена состојба. Осомничениот дваесет и деветгодишно момче кое е приведено, а засега не се знае неговито мотив за нападот.

Back to top button
Close