Полска од Турција ќе купи 24 борбени дронови „Бајрактар“

– Полска ќе купи 24 беспилотни летала „Бајрактар“ од својот сојузник во НАТО – Турција, изјави денеска полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак за полското јавно радио.

Борбените беспилотни летала ќе бидат вооружени со противтенковски ракети. Покрај дронови Полска од Турција ќе купи и логистички пакет, како и пакет за обука а, првата пратка се очекува да пристигне во 2022 година.

-Беспилотните летала имаат офанзивни способности и се докажаа во војните во Источна Европа, рече Блашчак.

Беспилотните летала „Бајрактар“ одиграа важна улога во неодамнешната победа на Азербејџан против Ерменија во конфликтот за контролата врз Нагорно Карабах.

Договорот се очекува да биде потпишан за време на претстојната посета на полскиот претседател Анджеј Дуда на Анкара, што почнува в понеделник.

Полските странски воени договори претежно одат кај американски компании. Во фискалната 2020 година Полска нарача воена опрема во вредност од 4,7 милијарди американски долари, соопшти полската Агенција за одбранбена безбедност и соработка.

Back to top button
Close