Чистење, миење и дезинфекција на плоштадот Скендербег
– Службата за одржување на јавната чистата на Општина Чаир го реализираше процесот на чистење, дезинфекција и миење на секоја уличка во делот кај продавниците на плоштадот Скендербег, како и горниот дел од плоштадот.
Денешната активност, како што соопшти Општина Чаир, се реализираше во соработка со екипите на ЈП „Комунална Хигиена“, а се користеше и специјална машинерија.
– Само кога ќе имаме чиста животна средина ќе бидеме здрави, така што нема да ги запреме ваквите активности ниту во иднина, наведуваат од Општината.