Мојс останува на клупата на Вест Хем

– Тренерот на англискиот прволигаш Вест Хем, Дејвид Мојс, е на чекор до потпишување нов договор со лондонскиот клуб, објави денеска весникот „Телеграф“

Според лондонскиот весник, шкотскиот тренер ќе потпише нов тригодишен договор со Вест Хем.

Раководството на Вест Хем сака да ја продолжи соработката со Мојс, како награда за успешната сезоната во Премиер лигата.

Вест Хем под водство на Мојс долго време сезонава беше во трката за место во Лигата на шампиони, а пред неделното последното коло е шестопласиран и со бод од мечот против Саутемптон на домашен терен ќе обезбеди пласман во групната фаза во Лига Европа.

Back to top button
Close