Сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец

– Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 15, а максималната ќе достигне од 27 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе преовладува значително топло време. До вторник ќе биде сончево и стабилно со локална облачност. Во вторник попладне ќе има услови за изолирана нестабилност проследена со засилен јужен ветер. Од среда во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а оваа нестабилност ќе се одржува и во четврток преку денот особено на истокот од земјата.

Back to top button
Close