Утре најспектакуларната „Супер-Месечина“ оваа година
– Луѓето на Земјата утре ќе бидат сведоци на најспектакуларната „Супер-Месечина“ оваа година. Тоа ќе се совпадне со делумното затемнување на Земјиниот сателит.
„Благодарение на затемнувањето, таа Месечина не само што ќе биде одлична, туку и ‘крвава Месечина’,“ објави американската НАСА.
Како што се наведува, тнр. „крвава Месечина“ обично се случува за време на затемнувањето, кога Земјата се наоѓа меѓу Месечината и Сонцето. Името „црвена“ (крвава) е поради црвениот отсјај. Кога тоа ќе се случи, појаснува НАСА, единствената светлина што достигнува на површината на Месечината е од работ на атмосферата на Земјата. Молекулите на воздухот од атмосферата на Земјата расфрлаат најголем дел од сината светлина.
Резултатот е „блед прстен“ околу Месечината, за којшто сè уште не е можно да се предвиди колку ќе биде црвен.