Јанев: Нема воено решение за конфликтот на Блискиот Исток 

 

Службениот бугарски премиер, Стефан Јанев, денеска разговараше со израелскиот амбасадор, Јорам Елон, а на средбата тој истакна дека Бугарија и Израел историски се тесно поврзани, додека врските меѓу двете земји денеска се силни и се темелат на заеднички интереси и соработка во голем број области од заеднички интерес, објави прес-центарот на Советот на министри.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, за време на средбата се разговарало за новите перспективи за продлабочување на плодната соработка меѓу Бугарија и Израел за клучни прашања од заеднички интерес како што се иновации, кибер безбедност, одбрана, медицина, управување со водни ресурси и туризам. Во фокусот на разговорот била и сериозната ескалација на насилството во Израел и палестинските територии.

Бугарскиот привремен премиер истакна дека военото решение не е решение и повика на ефикасен дипломатски пристап. Во овој контекст, Бугарија ги поддржува сите дипломатски напори на ниво на ЕУ и ООН, како и со меѓународните партнери за деескалација на тензиите. Премиерот Јанев ги поздрави чекорите што Израел ги презеде за да ги намали и спречи тензиите и да ја гарантира слободата на вероисповед во Ерусалим.

Back to top button
Close