Мбапе се вакцинираше против Ковид-19 пред Еуро 2020
Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе, се вакцинираше денеска против коронавирус во пресрет на првиот собир на француската репрезентација пред стартот на подготовките за претстојното Европско првенство.
Мбапе на својот Инстаграм профил објави фотографија од вакцинирањето на дваесетина денови од премиерниот натпревар на „триколорите“ на Еуро 2020 против Германија на 15 јуни.
Францускиот напаѓач беше позитивен на коронавирус во септември минатата година пред да ѝ се приклучи на репрезентацијата за натпреварите во Лигата на нации, во период кога со вирусот беа заразени вкупно седум фудбалери на ПСЖ.
Неодамна и клупскиот соиграч на Мбапе, Бразилецот Нејмар, се вакцинираше против Ковид-19 по што објави видеоснимка на социјалните мрежи.