Пленковиќ: Хрватска е на добар пат во 2022 година да влезе во Шенген, а потоа и во еврозоната

Хрватска е на добар пат во 2022 година да стане членка на Шенген зоната, а потоа и да влезе во еврозоната, изјави денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Брисел.

Би било одлично да влеземе во Шенген во 2022 година, а ако биде порано ќе бидеме уште  позадоволни. А што се однесува до еврозоната, ќе сториме се тоа да се случи што е можно поскоро, рече Пленковиќ по вонредниот самит на ЕУ во Брисел

Хрватскиот премиер истакна дека за време на дводневниот самит ја искористил можноста за низа билатерални разговори за двете хрватски стратешки цели.

-Се обидов да ги сензибилизирам моите соговорници за фактот дека добивме зелено светло од Комисијата и потврда дека техничките критериуми за Шенген се целосно исполнети. Сега полека ја подготвуваме оваа тема за да го достигнеме политичкото ниво на донесување одлуки и по вчерашниот разговор со комесарот за внатрешни работи Илва Јохансон мислам дека сме на вистинскиот пат. Слично е и со еврозоната, рече Пленковиќ во Брисел.

Back to top button
Close