Три песни од Балашевиќ ќе влезат во српските учебници

– Три песни од покојниот српски пејач Ѓорѓе Балашевиќ ќе бидат вклучени во учебниците на српски јазик за основните училишта во Србија, пишуваат тамошните медиуми.

– Тој е важен затоа што е разновиден, а тоа е она со коешто се одликува нашиот драг Ѓоле. Така, тука ја имаме „Девојку са чардаш ногама“ – весела, оптимистична песна, потоа – „Д-мол“ – тажна љубовна песна, а за осмоодделенците – „Дрвена песна“ за еден момчешки сон, објасни професорката Ивана Лучиќ од едно основно училиште во Нови Сад.

Според неа, тие не се многу лесни за разбирање и не се едноставни.

– Затоа, тие песни се прекрасна основа за наставниците да ги анализираат заедно со учениците, да наоѓаат стилски фигури, скриено значење и оние пренесени значења, вели наставничката.

Back to top button
Close