306 санкции за неносење маска 

– Од 00.00 часот до 04.00 часот констатирано е дека 27 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (25/26.05.2021) пак, на територијата на државата за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 306 прекршоци, соопштија од МВР.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.

Back to top button
Close