Во Косово најавено укинување на полицискиот час и на забраната за забави и веселби

По видното намалување на бројот на заразени и починати од Ковид-19, косовские власти најавуваат дека од средината на идниот месец ќе ја укинат забраната за одржување веселби и свадби, која беше воведена со цел спречување на ширење на пандемијата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Асоцијацијата на општините на Косово (АОК), по денешнта средба со министерот за здравство, Арбен Витиа, соопшти дека наскоро се очекува и укинување на полицискиот час, а на 15 јуни и одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти.

– Во однос на олеснувањето на мерките, по консултациите со градоначалниците, во текот на неделава ќе се оцени сиуацијата и се очекува укинување на полицискиот час и од средината на јуни ќе се олеснат мерките во врска со веселбите. Се очекува да се дозволи угостителството да работи до 24 часот, а организацијата на свадбите се очекува да биде дозволена од 15 јуни, се вели во соопштението на АОК.

На 18 април Владата на Косово воведе општи мерки на ниво на државата за спречување на ширењето на пандемијата на Ковид-19, со кои се забрани движењето од 22.30 до пет часот наутро, додека на бизнисите им се дозволи да работат до 22 часот. 

Back to top button
Close