Белгија паузира со вакцината Џонсон и Џонсон под 41-годишна возраст

Здравствените власти на Белгија одлучија привремено да ја суспендираат вакцинацијата со Џонсон и Џонсон за лица под 41-годишна возраст откако почина млада девојка, јави дописничката на МИА од Брисел.

Пациентката била вакцинирана во странство со Џонсон и Џонсон, по враќањето во Белгија таа е примена во болница каде починала.

Според лекарите нејзината смрт може да е поврзана со вакцината на Џонсон и Џонсон бидејќи таа развила тромбоза веднаш потоа.

Поради ова Белгија одлучи од денеска да не ја употребува вакцината на Џонсон и Џонсон за пациенти под 41-годишна возраст додека не се расветли случајот. Вакцината ќе продолжи сепак да се користи за постари луѓе и за ранливи категории. 

Back to top button
Close