Дендиас и Чавушоглу в понеделник ќе се сретнат во Атина

Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во понеделник ќе биде во Атина и ќе се сретне со неговиот грчки колега, Никос Дендиас, соопштија од Министерството за надворешни работи на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Според грчкото МНР, разговорите ќе се фокусираат на билатералните односи, како и на регионалните и меѓународните случувања.

Поканата до Чавушоглу да ја посети Атина, Дендиас ја упати за време на нивната средба во Анкара на средината на минатиот месец.

Тогашната средба ќе остане запаметена по прес конференцијата на двајцата шефови на дипломатиите, која доби невообичаен тек и се претвори во „ринг“ за истакнување на аргументите на секоја од страните откако Никос Дендиас и Мевлут Чавушоглу, си разменија остри критики и меѓусебни обвинувања за низа теми.

Back to top button
Close