Оставки поднесоа уапсените претседател и премиер на Мали
Привремениот претседател на Мали, Бах Ндау, и премиерот Моктар Уане, денеска поднесоа оставки на функциите, два дена откако беа уапсени во новиот воен удар на армијата, изведен повторно од заменик потпретседателот, претходно полковникот Асими Гоита.
Покрај двајцата функционери, пред два дена беше уапсен и министерот за одбрана на привремената влада, Сулејман Докур, и сите беа однесени во воената база Кати, надвор од главниот град Бамако, потврди Гоита.
Британските медиуми наведуваат дека апсења доаѓаат во време на неизвесност што владее во оваа западноафриканска држава по воениот удар од август минатата година, кога од власт беше соборен демократски избраниот претседател, Ибрахим Бубакар Кеита.
Ндау и Уане имаа задача да ја надгледуваат 18-месечната транзиција на власта, што треба да се врати во раце на цивилите.
Апсењата се случија по најавата за промени во владата, бидејќи требаше да бидат заменети двајца припадници на воената хунта, а за овие смени не беше информиран потпретседателот Гоита.