Се уште е непознат бројот на жртви од превртениот ферибот во Кеба, на северозападот од Нигерија

– Се уште не се знае колку лица загинаа во Кеба, во северозапад од Нигерија, каде вчера се преврте речен ферибот со околу 200 патници, изјави денеска портпаролот на владата.

Британските медиуми пренесуваат дека дрвениот брод се превртел вчераутро во близина на Вара, град на брегот на езерото Каинџи.

-Телата се уште не се пронајдени. Засега не можеме да го одредиме точниот број на жртви, изјави портпаролот.

Бухари Абубакар, еден од преживеаните патници од бродот, кажа дека досега се спасени околу 40-тина лица, иако многу други патници се уште се водат за исчезнати.

Патниците, главно жени и деца, патувале од државата Нигер кон државата Кеба.

Очевидци велат дека бродот одеднаш се преполовил и превртел на половина од реката.

Патниците од бродот ги бараат нуркачи и агенциите за итни случаи, соопштија властите во Кеба.

Back to top button
Close